Бројот на заразени со коорна вирусот во светот надмина 16 милиони, покажуваат податоците на веб-страницата на „Worldometers“. Пред само четири дена, во светот имаше еден милион помалку заразени лица. Најмногу заразени има во САД (4,2 милиони), Бразил (2,3 милиона) и Индија (1,3 милиони).
– Во Австрија во последните 24 часа се регистрирани 124 нови случаи на инфекцијата. По четврти пат неделава, бројот на заразени е троцифрен. Во изминатите 24 часа едно лице умрело, со што вкупнио број достигна 712.
-Во изминатите 24 години во Хрватска се потврдени 77 нови случаи на корона вирус, а пет пациенти починале, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Во моментов во земјата се активни 881 случаи, јавуваат хрватските медиуми. Од почетокот на епидемијата во Хрватска потврдени се 4.792 случаи на коронавирус, 133 лица умреле, а 3.788 лица заздравиле.
– Министерството за здравство на Кипар соопшти дека се регистрирани шест нови случаи на Ковид-19 од 1.682 извршени тестови, со што се зголеми бројот на заразени на 1.053.
– Во Грција се регистрирани 31 нови случаи на Ковид-19 од кои осум се од тестовите извршени на влезните места во земјата. Од почетокот на епидемијата, заразени се 4.166 лица.
– Во текот на изминатиот ден во Косово се регистрирани пет смртни случаи, 237 нови случаи и 139 пациенти третирани со Ковид-19. Според последните официјални податоци на косовските здравствени власти, досега се потврдени 6.917 заразени со корона вирус во земјата, од кои 169 умреле, додека 3.753 се излечиле.
– Во последните 24 часа во Србија се потврдени 411 нови случаи на корона вирус, добиени од 9.349 тестирани примероци, а осум лица умреа, објави веб-страницата „Ковид-19“. Во моментов има 170 пациенти на респиратори. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на епидемијата сега е 23.263, а вкупно умреа 526 лица.
– Според албанското Министерство за здравство и социјална заштита во земјата е регистриран скок на бројот на заразени, а сериозна станува и заканата за потребата на голем број пациенти од болнички третман. Со последните регистрирани 67 нови случаи, вкупниот број е 4.637, закрепнати се 2.637, а 124 умрени.
– Во последните 24 часа се потврдени 82 нови случаи на корона вирус во Црна Гора од 561 тестирани примероци, соопшти Институтот за јавно здравје. Не се пријавени смртни случаи од Ковид-19, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на јуни е 34.