Пред 50 години на денешен ден за првпат стапна човечка нога на месечината. Стотици милиони луѓе го следеа пренесот за да ги видат астронаутите на „Аполо 11“ Нил Армстронг и Баз Олдрин.
–Ова е мал чекор за човекот, но огромен за човештвото – беа зборовите на Армстронг додека чекореше на месечината и ќе останат запомнети засекогаш.
Мисијата беше лансирана на 16 јули и вкупно траеше осум дена. Следеа уште пет мисии на Месечината, пред проектот „Аполо“ да биде прекинат.