Свет 03. ноември 2020. / 10:48

Точки на судир меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден

Точки на судир меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден

Се наоѓаме на самиот праг на едни од најнеизвесните и најтензичните избори во Америка. Избори од кои зависат многу работи за Америка, но и влијаат на глобалната политика.

Пишува: Никола НИКОЛОВСКИ

Доналд Трамп, пред да стане 45-от претседател на САД беше познат како успешен бизнисмен, инвеститор и шоумен. Тој е роден во Њу Јорк, неговото високо образование е во областа економија стекнато на универзитетот во Пенсилванија. По завршувањето со формалното образование го преземал скромниот бизнис со недвижнини од татко му и успеал да го изгради во еден од најуспешните бизниси во Америка. Не застанува таму, освен во недвижнини влегува во шоу бизнисот како водител на својата емисија “The Apprentice”, сопственик на “miss Universe” за одредено време, дел од познати филмови како споредна улога и автор на десетици книги. После многу критики насочени кон политиката, во 2016 година за првпат влезе во претседателската трка и победи. Тој е најстариот и најбогатиот претседател што САД некогаш го имала.

Џо Бајден, роден во Пенсилванија, завршил правен факултет и го започнал својот професионален живот како адвокат, пред да стане сенатор на Делавер во 1973 година. 36 години бил сенатор сѐ додека не стана потпретседател на Обама во 2009-та. Бајден има голема политичка историја и удел во голем број закони во САД.

На овие овие избори точките на судир на овие двајца кандидати се во главно на четири полиња:

  1. Економија – Агендата на Бајден е да се зголеми вложувањето во јавен транспорт, повисоки корпоративни даноци и персонални даноци и покачување на федералната минимална плата на $15 на час. Од друга страна Трамп е против федерална минимална плата со наратив дека е најдобро тоа да се остави на секоја држава посебно. Во 2017 тој драстично ги намали корпоративните и персоналните даноци што беа од голема полза за бизнисите од секоја големина и економијата во целост. Тој е против непотребни регулации на пазарот.

 

И двата кандидати промовираат производството да се врати во Америка.

 

  1. Надворешна политика – тука главна тема е Кина. Се зборува околу санкциите кои ги стави Трамп кон Кина, пример забраната за соработка на Huawei со американските компании. Трамп е многу погласен на оваа тема. Демократската партија само формално го спомнува овој проблем. Трамп јавно кажа дека САД нема да се поклонува на бирократите од обединетите нации и нема да игра улога на обезбедување на другите членки на НАТО доколку пристапот и сериозноста не е еднаков од сите страни. Го напушти Paris climate agreement и направи многу подобар резултат од земјте кои членуваат.
    Трамп исто така се заложи за намалување на присуството на американска војска во светот. Се повлече од спорови и војни кои не се работа на Америка и ги врати војниците дома од Авганистан, Сирија и Либија.
  2. Имиграција: Доналд Трамп е за воведување закони за имиграција со цел да се регулира и да се отстрани нелегалната имиграција која континуирано се случува во САД пртежно од државите блиску до нив на југ. Затоа тој изгради ѕид на границата со Мексико. Бајден од друга страна превзема многу по мек пристап, промовирајки создавање на програма за да се легализира статусот на милионите нелегални имигранти во САД доколку положат едноставни испити и платат казна.

 

  1. Справување со COVID19 – Трамп доби многу критики за неговото справување со пандемијата поради тоа што се трудеше да ја отвори економијата и да не направи непотребна паника. Карантинот придонесе за голема невработеност, но Трамп реагираше на тоа со помош од $1200 на секој граѓанин кој заработил помалку од $70,000 годишно што не е типичен конзервативен потег бидејки ќе придонесе за висока инфлација, но правилно во однос на тоа што моменталната ситуација е екстремно ретка и тешка, и се случува во просек еднаш на 100 години. Дополнително Трамп помогна на голем број бизниси кои беа опфатени од кризата и спречи да пропаднат пола од Американските авио-компании.

Милиони Американци веќе гласаа, други ќе гласаат во текот на денешниот ден. Она што нам ни е јасно е дека овие избори треба внимателно да се следат бидејќи од нив зависи глобалната политика.