Одлуката на Москва да протераат 60 американски дипломати била очекувана, соопштија од Белата куќа и покрај тоа што таа одлука само повеќе ќе ги влоши односите помеѓу САД и Русија.СА
Одговорот на Русија не беше неочекуван и САД ќе најде решение за тоа- пишува во соопштението од Белата куќа.
Американскиот Стејт департмент претходно соопшти дека САД смета дека нема оправдување за одлуката на Русија да протера 60 американски дипломати и да го затвори конзулатот на САД во Санкт Петербург.
Таквата одлука покажува дека Москва не е заинтересирана за дипломатија и да Вашингтон го задржува правото да превземе друга акција.
Доставениот список од 60 американски дипломати треба да ја напуштат русија до 1 април.