Свет 22. мај 2018. / 22:12

Тинејџерот што предизвика голем пожар ќе мора да плати 36 милиони долари

Тинејџерот што предизвика голем пожар ќе мора да плати 36 милиони долари

Тинејџерот што предизвика пожар во Орегон кој траеше со месеци мора да плати глоба во висина од 36 милиони долари.

Судијата од округот Худ Ривер, Џон Олсон, пресуди дека момчето мора да напише писма со извинување до сите луѓе што поради пожарот останале отсечени во планините на Орегон. Станува збор за 152 луѓе, според информациите на Би-би-си.

Пожарот во Игл Крик во Орегон траеше речиси три месеци и уништи неколку куќи. Беше предизвикан од страна на 15-годишник што го призна делото во февруари.

Во септември минатата година тој палел огномет во сувиот кањон Игл Крик. Огнометот предизвикал пожар, чие гансење ги чинело властите повеќе од 18 милиони долари. Момчето призна дека е виновно по осум точки од обвинението.

Во пресудата изречена вчера судот пресуди дека тинејџерот мора да плати глоба во висина од 36,6 милиони долари. Покрај тоа, тој е осуден на петгодишна условна казна и мора да одработи 1.920 часа во служба на заедницата.

Сепак, судот призна дека момчето нема финансиски средства за да ја плати оваа драконска казна. Но, според законот на Орегон, исплатата ќе може да ја запре по 10 години кога ќе заврши со општокорисната работа доколку дотогаш не направи друго кривично дело.