Свет 24. ноември 2018. / 12:03

Тинејџери украле трактор а потоа и спортски авион!

Тинејџери украле трактор а потоа и спортски авион!

Двајца малолетници од американската сојузна држава Јута се уапсени откако украле спортски авион од локален аеродром.

Децата биле на возраст од 14 и 15 години и биле со своите пријатели на кампување. Тие најпрвин украле трактор и со тракторот пристигнале на приватниот аеродром Џенсен каде што потоа украле мал спортски авион.

Тие го стартувале авионот и започнале да летаат многу ниско, пред успешно да се приземјат и веднаш да бидат уапсени по слетувањето на аеродромот во Вернал. Тие веднаш биле испратени во поправен дом за малолетни лица.