Свет 17. август 2020. / 10:18

Тихановска подготвена да го руши диктаторот Лукашенко!

Тихановска подготвена да го руши диктаторот Лукашенко!

Противкандидатот на диктаторот Александар Лукашенко на претседателските избори, Светлана Тихановска, изјави дека е подготвена да стане национален лидер.

Јас сум подготвена да ја преземам одговорноста и да дејствувам како национален лидер со цел да ја смирам ситуацијата во земјата и да ја вратам во нормален ритам, нагласи таа во видео пораката објавена на каналот Јутјуб.

Во исто време, Тихановска побара ослободување на сите политички затвореници, како и подготовка на правна рамка и услови за нови претседателски избори, што ќе бидат признати од меѓународната заедница.

Веќе една недела во Белорусијаима протести поради претседателските избори на кои диктаторот Александар Лукашенко  прогласи победа откако освои повеќе од 80 проценти од гласовите.

Тихановска на тие избори освои околу 10 проценти од гласовите, по што замина во Литванија.

Изборите во Белорусија беа фалсификувани од страна на режимот на диктаторот Александар Лукашенко.