Во повеќе сојузни држави се води тесна битка од кои зависи кој ќе го преземе претседателското место. Моментално најтесно е во Тексас и Пенсилванија. Во Тексас по 70% преброени гласови води Трамп со 50.9% наспроти Џо Бајден со 47.8%. Во Пенсилванија по 32% преброени гласови води Трамп со 51.9% наспроти 45.4% на неговиот противкандидат.
Во секој момент пристигуваат нови резултати, па затоа сѐ уште рано е за секакви калкулации. Она што е важно да се напомене е тоа што Тексас дава 38 поени, а Пенсилванија 20 поени. Токму затоа овие две државе се едни од најзначајните за двата кандидати.
Интересно е тоа што досега во Охајо има пресврт од Доналд Трамп. Се очекува исходот и од другите држави каде можно е истото да го направи и Џо Бајден.