Свет 01. август 2018. / 11:32

„Тесла“ има намера да изгради голем производствен објект во Германија

„Тесла“ има намера да изгради голем производствен објект во Германија

– Американскиoт производител на електрични автомобили „Тесла“ има намера да изгради голем производствен објект во Германија, велат извори за „Волстрит Џурнал“.

Властите во покраините Рејнланд-Пфалц и Сарланд веќе ги обавиле првите разговори со компанијата, па уште сега важат за сериозен кандидат за битен нејзин огранок воо Европа, по Франција.

И извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск на Твитер најави дека крајниот запад на  Германија е „посакуван избор” за нивната филијала во Европа, токму ппоради блискоста до германско-француската граница, и до Белгија, и Холандија.

Разговорите ќе се фокусираат на производство на автомобили, но и на автомобилски батерии.

„Тесла“, освен во Европа, има планови и за проширување во Кина.