Свет 06. декември 2018. / 10:23

Терористички напад во Иран – има загинати

Терористички напад во Иран – има загинати

Терористи го нападнаа пристанишниот град Чабахар во Иран.

Во нападите најмалку три лица се убиени, а неколкумина се повредени, јави иранската државна телевизија.

Чабахар се наоѓа недалеку од границата со Пакистан, пренесе АП.

Како што се наведува, експлозии и пукотници се слушнале во градот, а други детали не се познати.

Ниту една екстремистичка група досега не презела одговорност за нападот.