Свет 28. септември 2018. / 19:39

Терористички напад во Германија

Терористички напад во Германија

Три лица беа повредени денеска откако маж со нож ги нападнал во германскиот град Равенсбург, соопшти полицијата.

Полицијата на Твитер објави дека нападот се случил на плоштадот Маријампол во тој град, пишува „АП“. Во соопштението на полицијата се додава дека напаѓачот бил уапсен. Засега не е објавен идентитетот на напаѓачот и повредените.

Полицијата ги истражува мотивите на нападот.