Во државите кои до последен момент ќе останат неизвесни, членовите на Републиканската партија одбиваат да ги бројат гласовите кои се поднесени во отсуство!
Во Пенсилванија, како една од најкритичните држави за освојување на овие избори, Републиканците одлучија дека гласовите кои се поднесени во отсуство, ќе бидат тргнати на страна и прегледани од страна на надлежните судови.
Доналд Трамп веќе отворено го изнесе својот план и ја изложи својата стратегија за победа во клучните држави на изборите во 2020:
– Ќе победиме со помош на нашите адвокати“
Ова е само дел од стратегијата која Доналд Трамп ја изнесе јавно во понеделникот, според која ќе следуваат тужби до сите инволвирани во изборен процес кои се сметаат за виновни за одредена изборна измама.
Изјавата на Трамп не е сосема случајна и е само дел од неговата реторика која е слична веќе неколку месеци. Тој веќе подолго време укажува на опасноста која би можела да се појави од гласањето преку пошта и опасноста од изборна измама која според него е многу веројатна. По неговата критика на Врховниот суд, се поверојатно е дека овие избори нема да го дочекаат својот финален исход уште вечерва и ќе сведочиме на разни пребројувања во наредните неколку денови.
Во секој случај, исходот на изборите ќе биде многу појасен во раните утрински часови, па затоа останете со Економски Лидер и следете ги најновите информации и изборни резултати во моментот кога тие ќе бидат достапни.