Шестмесечно бебе е пронајдено живо како плови во езеро во северозападниот дел на Мисури, неколку минути откако нејзиниот татко наводно признал во полиција дека се обидел да го удави.
Бесчувствителниот Џонатан Зикарели (28) во понеделникот наутро влегол во полициската станица Гринвуд и им рекол на службениците дека се обидел да ја удави својата ќерка, стои во извештајот на полицијата.
Зикарели наводно им рекол на истражителите дека смислил план за убиство 24 часа претходно зошто бил „под стрес“ поради празниците и сакал да и ги олесни работите на својата сопруга.
Двајца полицајци се испратени на езерото и за неколку минути го пронашле девојчето како лебди со лицето во студената вода и кое изгледало како „кукла од порцелан“, рече шефот Грег Халгримсон.