Свет 10. јули 2018. / 20:55

Татко и четири ќерки загинаа во сообраќајка , а казна за возачот кој удрил во нив нема (ВИДЕО)

Татко и четири ќерки загинаа во сообраќајка , а казна за возачот кој удрил во нив нема (ВИДЕО)

Преживеаниот од сообраќајната несреќа во која загинаа татко и четири ќерки , раскажува за ужасот.

Брајан Керн се враќал од продолжен виденд кога пик ап возило, кое возело во спротивен правец на автопат , директно удрило во комбе во кое биле татко и неговите четири ќерки. Потоа пик апот се одбил и удрил директно во автомобилот на Керн . Од силината на ударот , неговиот автомобил неколку пати се превртел , но за среќа тој преживеал . Но , таткото , морнаричкиот капетан Одри Тринидад и неговите четири черки на возраст од 13 до 20 години , останале на место мртви. И тие се враќале од викенд во Вирџинија Бич.

Несреќата се случила во близина на местото Таунсенд во областа Делавер, Тексас. ,,Се сеќавам само на пукањето на стакло. Потоа ми рекоа дека сум се превртел неколку пати , но нес есеќавам Кога ги отворив очите видов дека местото изгледа како воена зона. “ , вели повредениот Керн.

Несреќата ја предизвикал 44 годишниот Алвин Хабард , кој од непознати причини возел во спротивен правец. Тој и неговиот сопатник во пик апот поминале со мали повреди и против него не е покренато обвинение , иако полицијата најавува истрага.