Свет 15. октомври 2019. / 12:01

,,Тасс”: Курдите со контраофанзива повратија град кој беше заземен од турските сили

,,Тасс”: Курдите со контраофанзива повратија град кој беше заземен од турските сили

Курдските единици за заштита на народот ја заземаа контролата врз Рас ал-Аин, по започнатата контраофанзива, на претходно спроведената офанзива на турските трупи и нивните сојузници кои го окупираа овој пограничен град на 12. октомври, пренесува ,,Тасс”.

Според агенцијата „Тасс“, која се повикува на локални медиуми, Курдите и вооружените единици на сириската опозиција кои ја поддржуваат Турција во нејзината воена операција, водат интензивни борби на периферијата на неколку градови.

Курдските единици во моментов го напаѓаат блискиот град Тел Халаф, кој го контролира т.н. Слободна сириска армија.

Извештаи за конфликти доаѓаат и од пограничниот град Кобане, кој се наоѓа на источниот брег на реката Еуфрат.

Вчера, курдските трупи го спречија планот на турските сојузници да пресечат стратешка рута до границата и да го поврзат сирискиот економски центар Алепо со градот Ал Хасака во провинцијата со истото име.