Свет 07. октомври 2018. / 21:11

Талибанците во Авганистан повторно активни, уништуваат инфраструктура

Талибанците во Авганистан повторно активни, уништуваат инфраструктура

Талибанците уништија мостови на главните патишта југозападно од Кабул, за време на масовна офанзива против безбедносните сили. Со тоа е прекината врската на главниот град со три провинции,

Портпаролот на полицијата Нагиб Даниш изјави дека авганистанските безбедносни сили реагирале на нападот, но борбите се уште траат, а најмалку шест полицајци загинале.

Уништувањето на мостовите ги прекина врските на Кабул со провинциите Газни, Забул и Кандахар и предизвика недостиг на струја во провинциите Мајдан Вардак, Логар, Газна и Пактија.