Свет 25. декември 2019. / 21:00

Талибанците во Авганистан киднапирале 27 мировници

Талибанците во Авганистан киднапирале 27 мировници

Талибански екстремисти киднапирале 27 припадници на мисијата „Народно движење за мир“ на автопат во авганистанската провинција Фарах, соопштија локалните власти.

Заменик-гувернерот на Фарах, Масуд Бахтавар изјави дека мировниците патувале во шест автомобили од Херат до Фарах, кога конвојот бил запрен од талибанците, коишто ги одвеле луѓето во непознат правец.

Еден член на мировната група кој не бил во конвојот изјави дека мировниците планираат да повикаат на мир и примирје меѓу спротивставените страни во Авганистан во провинцијата Фарах.

„Народното движење за мир“ е формирано во знак на протест поради насилните напади и откако 17 цивили беа убиени во експлозија на автомобил на спортски стадион минатата година.