Свет 12. ноември 2018. / 10:28

Талибанците убија над 37 полицајци

Талибанците убија над 37 полицајци

Најмалку 37 полицајци беа убиени од талибански бунтовници во авганистанската провинција Фарах.

Талибанците синоќа нападнаа село во округот Хак-е-Сафид, контролиран од владините сили. Во тој округ, борбите продлжуваат. Во селото има контингент од 200 полицајци.

– Освен 37 убиени полицајци, над 150 полицајци се водат како исчезнати од почетокот на нападот. – изјави Абдул Самас Салехи, член на провинцискиот совет на Фарах.

Талибанците запалија куќи во селото. Тие нападнаа две или три полициски места во областа.