Свет 24. мај 2020. / 19:45

Талибанците прогласија тридневно примирје поради Фитр Бајрам

Талибанците прогласија тридневно примирје поради Фитр Бајрам

Талибанците објавија тридневен прекин на огнот во Авганистан, а претседателот на таа земја соопшти дека Владата ќе возврати со иста мерка. Прекинот на огнот се случува за време на големиот муслимански празник Фитр Бајрам.

Овој потег доаѓа откако во последно време се интензивираа борбите меѓу двете страни и покрај пандемијата на корона вирусот.

Не спроведувајте никакви офанзивни операции против непријателот никаде, но ако непријателот преземе какви било активности против вас, бранете се – напиша на Твитер портпаролот на Талибанците, Забихулах Муџахид.

Муџахид додаде дека прогласеното примирје е само поради Бајрам со кој се означува крај на светиот месец Рамазан.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја поздрави најавата за прекин на огнот од страна на Талибанците и ја повтори неговата понуда за мир.