Тајландската Влада го објави планот за спасување на заробените деца во пештерата. Според него, двајца нуркачи ќе придружуваат по едно момче, а низ пештерата ќе ги влечат со јаже.
Кога ќе наидат на тесен премин, нуркачите ќе ги отстрануваат боците со кислород од грбот и ќе ги истркалаат низ премините.
Инаку, на искусните нуркачи им се потребни 11 часа да стигнат од влезот на пештерата до децата и назад. Поради тоа, Би-би-си наведува дека првото дете најрано би можело да излезе околу 21 часот по локално време.