Свет 02. мај 2019. / 21:39

Тајланд: Tелохранителка стана кралица

Тајланд: Tелохранителка стана кралица

Тајландскиот крал се ожени со заменик-командантката на единицата што е задолжена за неговата безбедност и ја прогласи за кралица, соопшти кралското семејство.

Оваа вест беше изненадување за јавноста, а беше објавена во пресрет на официјалната церемонија на крунисување, која ќе се одржи в сабота, пренесува Би-би-си.

Кралот Маха Ваџиралонгкорн (66) претходно беше женет трипати и има седум деца.

Кралот Ваџиралонгкорн одлучи да се ожени со генералката Сутида Ваџиралонгкорн На Ајудхиа и да ја прогласи за кралицата Сутида. Таа ќе има кралска титула и статус, како дел од кралското семејство, се вели во соопштението.

Кралицата Сутида и кралот Ваџиралонгкорн неколку години се во врска и често беа гледани заедно во јавноста, но досега тоа никогаш не беше официјално објавено.

На снимките од свадбата може да се видат и други членови на кралското семејство, како и церемонијата за време на која кралот посипува света вода на главата на својата сопруга.

Кралот во 2014 година ја назначи Сутида Тиџаи, поранешна стјуардеса Таџ ервејс, за заменик-командант на своето обезбедување. Таа во декември 2016 година беше назначена за генерал на армијата.