Свет 08. ноември 2018. / 21:57

Тајланд: Офицер болен од СИДА намерно заразил над 70 момчиња

Тајланд: Офицер болен од СИДА намерно заразил над 70 момчиња

Полицијата во Тајланд уапси 43 годишен офицер , кој наводно уценувал и силувал над 70 момчиња, иако бил заразен со ХИВ/СИДА.

Полицијата го уапси наредникот Џакрит Комсинг , кој намерно заразил над 70 момчиња со кои имал сексуални односи , откако ги наоѓал на социјалните мрежи и ги уценувал.

Тој користел лажен профил на социјалните мрежи и на апликации за запознавање на ЛГБТ заедницата , за да се здобие со доверба кај своите жртви.

Потоа барал од нив да му праќаат фотографии , со кои подоцна ги уценувал и ги приморувал да имаат односи , иако знаел дека боледува од ХИВ/СИДА.