Тајланд ја одложи употребата на вакцината на AstraZeneca поради извештаите за згрутчување на крвта и покрај фактот дека нема докази за тоа, пишува Би-Би-Си.
Вакцинацијата требало да започне денеска.
Доцнењето на употребата доаѓа откако голем број земји, вклучувајќи ги Данска и Норвешка, исто така ја одложија употребата на вакцината АстраЗенека.
Околу 5 милиони Европејци веќе ја примиле вакцината на АстраЗенека.
Згрутчување на крвта е пријавено во 30 случаи, а Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека нема индикации дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта, додавајќи дека „придобивките сè уште ги надминуваат ризиците“.
Првата пратка од 117.300 дози вакцини на АстраЗенека пристигнале во Тајланд на 24 февруари заедно со 200 000 дози од кинеската вакцина КоронаВак.
Повеќе од 30 000 луѓе веќе ја добиле КоронаВак, а тајландските власти велат дека ќе продолжат да ја аплицираат.