Денеска во Вашингтон ќе се одржат разговорите на високо ниво кои би требале да ги усогласат деталите за вториот самит Доналд Трамп – Ким Јонг Ун, пренесуваат официјални претставници.
Иако ниту САД ниту Северна Кореја на го потврдуваат овој таен состанок, агенциите пренесуваат дека Ким Јонг Чол синоќа во Пекинг се качил на авион за Вашингтон.
Инаку, првата средба меѓу претседателите Трамп и Ким Јонг Ун се одржа минатата година во Сингапур, на која беше договорена де нуклеаризицијата на Корејскиот полуостров.