Свет 06. април 2020. / 20:21

СЗО: Ковид-19 може да се шири 1 до 3 дена пред да се појават симптомите

СЗО: Ковид-19 може да се шири 1 до 3 дена пред да се појават симптомите

Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот предупреди дека новиот корона вирус има можност да се шири кај асимптоматски пациенти еден до три дена пред да се појават симптоми на болеста.

-Пренесувањето на вирусот сè уште се врши преку капки, „дури и ако сте пре-симптоматско лице, изјавија претставници на СЗО, пренесува СиЕнБиСи.

Од Светската здравствена организација исто така забележаа дека „асимптоматските“ и „непризнаените“ пациенти треба да се разликуваат, бидејќи вторите се незабележани „заради одредени стратегии за надзор“.

Во меѓувреме, СЗО ја пофали и „неверојатната брзина“ со која се вложуваат глобални напори за развој на вакцини и третмани против Ковид-19.