Свет 15. февруари 2021. / 18:48

СЗО ја одобри за итна употреба вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд

СЗО ја одобри за итна употреба вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја одобри за итна употреба вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд.

СЗО во соопштението  наведува дека вакцината произведена од „АстраЗенека-СКБио“ (од Јужна Кореја) и Институтот за серум од Индија е одобрена, јавија британските медиуми.