Свет 22. ноември 2020. / 23:30

Светските лидери и ја честитаа 15-годишнината на чело на Владата на Меркел

Светските лидери и ја честитаа 15-годишнината на чело на Владата на Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел доби бројни честитки по повод 15-годишнината од позицијата на чело на владата.

-Германската канцеларка презеде решителни чекори за зајакнување на Европа во време на предизвици и денеска е една од најценетите водечки фигури во светот, напиша на Твитер претседателката на Централната европска банка, Кристин Лагард.

Поранешниот министер за надворешни работи на Франција, Бернард Кушнер, во написот за францускиот весник „Ле Паризиен“, исто така, ја истакна важноста на Ангела Меркел за Европската унија.

Таа е без сомнение најголемата политичка фигура во Европа, рече Кушнер.

Поранешниот француски премиер Жан-Марк Ајро за истиот дневник изјави дека Меркл е „многу трезвена и конкретна“ и дека таа е пример за „германски квалитет“.

Но, тој, како и некои други француски политичари, ја критикуваше нејзината темелност, што понекогаш одзема многу време. „Понекогаш може дури и да ви дојде на нерви затоа што е многу бавна, не е премногу опуштена“, рече Ајро.

Честитки и пристигнаа на Ангела Меркел од женскиот огранок на сопствената Христијанско-демократска унија ЦДУ / ЦСУ.

Ангела Меркел е поддршка во бурни времиња и е пример за жените ширум светот, соопшти Унијата на жени преку Твитер.

Десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) изрази надеж дека Меркел ќе остане на својата најава за повлекување од политиката кога нејзиниот мандат ќе истече следната година.

Издржете луѓе, само уште една година, рече пратеничката на АфД, Јоана Котар, на Твитер.

АфД ги поддржува протестите против коронамерките, кои исто така повикуваат на соборување на владата предводена од Меркел.