Свет 12. јуни 2018. / 10:09

Светот ќе види голема промена: Трамп и Џонг-ун потпишаа „опширна” декларација (ВИДЕО)

Светот ќе види голема промена: Трамп и Џонг-ун потпишаа „опширна” декларација (ВИДЕО)

Претседателите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун, по работниот ручек на историскиот состанок, потпишаа декларација, која Трамп ја нарече „опширна”.

Сеуште не е позната содржината на декларацијата, но се очекува да се објави во наредните часови.

Ким рекол дека „светот ќе види голема промена” и додал:

„Одлучни сме да ја оставиме историјата за себе. Не беше лесно да се дојде до оваа точка”, рекол Ким.

Трамп му се заблагодарил на Ким и изјавил дека тие двајца развиле посебен однос.

„Горди сме на она што се случи денеска. Развивме посебен однос. Сакам да му се заблагодарам на Ким, ова започна подобро од што се очекуваше”, рекол Трамп по потпишувањето на документот.

„Го пребродивме скептицизмот и шпекулациите за овој самит, а верувам дека тоа е добро за мир. Верувам дека ова е добар почеток”, изјавил Ким.

Во делегацијата на Трамп на проширените разговори му се придружи државниот секретар на САД Мајк Помпео, советникот за национална безбедност Џон Болтон и шефот на кабинетот на претседателот Џон Кели, додека делгацијата на Ким била составена од поранешниот воен разузнавач Ким Јон Чол, министерот за надворешни работи Ри Јонг Хо и потпретседателот на владејачката Работничка партија Ри Су Јонг.