Свет 22. март 2019. / 18:09

Свештеник е избоден во текот на утринската миса во Монтреал

Свештеник е избоден во текот на утринската миса во Монтреал

Свештеникот е избоден во текот на утринската миса во ораторијата Свети Јосип во Монтреал, јавува градската полиција.

Пренесен е во болница додека осомничениот напаѓач е уапсен.

Според наводите на полицијата, осомничениот му пришол на отецот Клодд Гру од задната страна и го повредил со остар предмет.

Нападот се случил за време на мисата која почнува во 8 часот. Многу малку информации се достапни за здравствената состојба на избодениот свештеник.

Нападот е снимен во преносот во живо кој е прикажан на телевизија.