Свет 25. ноември 2019. / 18:55

Свештеници во Аргентина осудени за сексуално злоставување на глуви деца

Свештеници во Аргентина осудени за сексуално злоставување на глуви деца

Денеска Аргентински суд донесе пресуда за двајца свештеници кои сексуално злоставувале глуви деца во католичко училиште.

Градскиот суд во Мендоза го осуди свештеникот Никола Корадио на 42 години затвор и свештеникот Хорасио Корбач на 45 години затвор за дела што се случиле во Институтот „Антонио Проволо“ за глуви и деца со оштетен слух во северозападна Аргентина.

Коради е Италијанец кој има 83 години, а Корбачо Аргентинец, стар 59 години. Двајцата беа уапсени во 2016 година. Судот, исто така, го осуди градинарот Арманд Гомез на 18 години затвор.

Нивните жртви се 10 поранешни ученици.