Свет 23. мај 2018. / 22:21

Судот му го забрани на Трамп омиленото хоби

Судот му го забрани на Трамп омиленото хоби

Федералната судијка во Њујорк, Наоми Рејс Бучвалд денеска одлучи дека претседателот на САД, Доналд Трамп, по закон не може да блокира корисници на социјалната мрежа Твитер, затоа што, на тој начин ќе им го загрози нивното право на слободен говор, што е пропишано со Првиот амандман на Уставот на САД.

Оваа одлука дојде како одговор на тужбата, која во јули минатата година против Трамп ја поднесе Институтот на Универзитетот Колумбија.

Институтот го тужел Трамп, бидејќи тој блокирал луѓе на Твитер, оние кои го критикувале, исмејувале и изразувале несогласување со неговите ставови, со образложение дека налогот на Трамп на Твитер е јавен форум и дека со забраната го крши Првиот амандман на Уставот на САД.

Судијката Бучвалд се согласи со овој аргумент и ги отфрли аргументите на адвокати на Министерството за правда, кои наведоа дека според правото на Трамп, што му е пропишано со Првиот амандман, тој може да блокира луѓе со кои тој не сака да се комуницира.