Свет 14. мај 2018. / 10:42

Судир на авиони во Истанбул (ВИДЕО)

Судир на авиони во Истанбул (ВИДЕО)

Се судрија два авиони во Истанбул.

Според информацијата на редакцијата на новинската агенција Ватан, авионот на Asiana Airlines кој слетал во Истанбул на Аеродромот Ататурк, при паркирање со крилото на авионот удри во задниот дел на авион на Turkish Airlines.

Патниците се веднаш евакуирани, а интервенирала и против пожарната служба на Аеродромот Ататурк, за да не дојде до поголема хаварија.

Повредени патници нема.