Судот во Брисел го одложил сослушувањето на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемонпо налогот за апсење, издаден од Шпанија со барањето за негова екстрадиција на шпанските власти. Судот ќе одлучува за предметот на 16 декември.
Пуџдемон веќе две години живее во егзил во Брисел по неуспешното прогласување независност на Каталонија.
Карлес Пуџдемон минатата недела им се предаде на белгиските правосудни власти, бидејќи Шпанија издаде налог за негово апсење по изрекувањето на пресудата на Врховниот суд за 13 негови колеги, кои, исто така, се залагаа за независноста на Каталонија.