Пожарникарите во Португалија и понатаму се борат против шумските пожари од големи размери на јужниот брег, во туристичкиот регион Алгарва зад популарните плажи, кои минатата ноќ се закануваше да проголта населба на падините на тамошното брдо.
Службата за цивилна заштита соопшти дека денеска 44 лица побарале медицинска помош минатата ноќ, кога пламенот зафатил делови од Монишка, 250 километри јужно од Лисабон.
Во таа прилика, тешко е повредена 72 годишна жена. Властите соопштија дека повеќе од 1.000 пожарникари со 327 возила и седум авиони се во битка со огнената стихија.
Пожарот кој се шири заедно со ветерот, изби во петокот во петокот во шума со борови и еукалиптус, во претежно непристапен предел зад познатите плажи во туристичкиот регион Алгарва.
Црниот дим во меѓувреме ветрот го донел и до плажите популарни меѓу европските туристи.
На пожарникарите се очекува да им помогнат нешто пониските температури да го стават пожарот под контрола.
Регионот Алгарва главно бил поштеден од најлошиот бран на топло време кој ја зафати Португалија и Шпанија, носејќи температури до 45 степени.