Непознат напаѓач, синоќа, запалил двајца бездомници на железничката станица во Берлин, Германија, и тие се здобиле со тешки изгореници, соопшти германската полиција.
Напаѓачот на станицата Шоневајд истурил течност по мажите, на возраст од 47 и 62 години, а потоа ги запалил, заедно со нивните работи.
Германски „Билд“ пренесува дека минувачите го изгаснале огнот, користејќи противпожарен апарат од блискиот ресторан.