Свет 15. септември 2019. / 21:37

Страшно: Над 10 луѓе загинаа во експлозија на автомобил-бомба

Страшно: Над 10 луѓе загинаа во експлозија на автомобил-бомба

Најмалку 10 луѓе загинаа, додека 15 се ранети во експлозија на автомобил-бомба кај една болница во сирискиот град Ал Раи, во близина на границата со Турција.

Ова го изјавија локалните официјалнилица и здравствени работници.

Според „Ројтерс“, во експлозијата е оштетена и болницата, а градот Ал Раи се наоѓа во северозападниот дел од Сирија под контрола на бунтовниците кои ги поддржува Турција.

Турската државна агенција Анадолу јави дека 12 цивили се убиени во „терористички бомбашки напад“ недалеку од границата меѓу Сирија и Турција, пренесува „Ројтерс“.