Свет 26. април 2018. / 10:36

Страшна сообраќајка во Индија: Најмалку 13 ученици загинаа

Страшна сообраќајка во Индија: Најмалку 13 ученици загинаа

Најмалку 13 деца ги загубија своите животи во судир меѓу училиштен минибус и воз што се случил на железнички премин во северната индиска држава Утар Прадеш, соопшти полицијата.

Во несреќата се повредени осум деца, кои биле пренесени во болница, објави агенцијата „Ројтерс“. Инцидентот се случил рано наутро по локално време, кога децата оделе на училиште, а причината за судирот сè уште не е позната.

Ова е втора голема несреќа во Индија во последните две недели во која голем број деца ги загубија животите.

Најмалку 24 деца и три возрасни лица загинаа на 9 април кога училиштен автобус кој движејќи се по планински пат падна во бездна во индиската држава Хималах Прадеш.