Свет 25. ноември 2020. / 19:11

Страшна сообраќајка во Бразил: Најмалку 40 мртви

Страшна сообраќајка во Бразил: Најмалку 40 мртви

Најмалку 40 луѓе загинаа во судир помеѓу автобус и камион кој се случил утрово во бразилската сојузна држава Сао Паоло.

На местото  на несреќата загинале 37 луѓе, додека уште тројца починале во болница.

Од локалната полиција велат дека автобусот превезувал вработени од текстилна компанија кога се случил инцидентот.

Сѐ уште не е познат бројот на повредените лица во сообраќајната несреќа, ниту пак не е позната причината за судирот.