Над 50 лица загинаа утрово во тешка сообраќајка во западна Кенија, кога автобус полн со патници излетал од патот, соопшти полицијата.
Според полициски службеник, 51 лице загинале на местото на несреќата.
На местото на несреќата во градот Фортран приситгнале полициски и спасувачки тимови. Бројот на жртви може да се зголеми, бидејќи во автобусот има повеќе луѓе.
Според полицијата, автобусот во кој имало 52 патници, патувал од главниот град Најроби до градот Кисуму во западниот дел на областа Какамага. При спуштање во стрмна падина, автобусот излетал од патот од височина од 20 метри.
Според официјалните статистички податоци, во Кенија секоја година во сообраќајни несреќи страдаат по околу 3.000 луѓе, но Светската здравствена организација (СЗО) има податоци за повеќе од 12.000 жртви на сообраќајни несреќи годишно.