Свет 29. мај 2018. / 15:25

Страшна несреќа: Девојче загина додека се возело на панорамско тркало (ВИДЕО)

Страшна несреќа: Девојче загина додека се возело на панорамско тркало (ВИДЕО)

Девојче загина во тешка несреќа, кога се откачи кабина од панорамско тркало во забавниот парк во Индија.

Амрита загина на лице место додека други шест лица се тешко повредени и се наоѓаат во болница.

Како што наведуваат медиумите, веднаш по несреќата, посетителите го претепале операторот на машината, кој подоцна е уапсен од страна на полицијата.

Очевидците го предупредилe дека тркалото изгледа нестабилно уште пред несреќата, но тој наводно бил премногу пијан за да обрни внимание.