Свет 22. мај 2018. / 11:25

Страшна глетка – луѓето шетаат како зомби, за се е виновна оваа опасна дрога (ВИДЕО)

Страшна глетка – луѓето шетаат како зомби, за се е виновна оваа опасна дрога (ВИДЕО)

Вкупно 25 луѓе се срушиле во саботата после земање на прекумерна доза синтетичка марихуана на иста улица во Њујорк, каде пред две години се предозирале 33 лица.

Во сцената која потсетува на филмовите со змоби, њујоркчани се држеле за објектите и паѓале по тротоарите.

Полицијата соопштила дека сите 25 лица земале прекумерна доза на синтетичка марихуана – позната како К2 – која предизвикува параноја, халуцинации и повраќање.

Сите се хоспитализирани. Полицијата дошла на повик вечерта во 7:30 часот во Бруклин, каде затекнала скоро безживотни луѓе кои лежат по улиците. Веднаш се префрлени во болница, а сведоците кажале дека луѓето изгледале како зомби и дека не можле да стојат исправено.

 

Полицијата го уапсила 41-годишниот Тајкван Холи поради поседување на синтетичка мархуана. Холи претходно бил апсен 18 пати за проституција и кражби.

 

К2 содржи хемикалии кои делуваат на исти рецептори во мозокот како и ТХЦ од природна марихуана. Често се продава за 1-5 долари по пакет. Но, комбинацијата на хемикалии варира од пакет до пакет, па ефектите од оваа дрога се непредвидливи и променливи при секоја употреба.

Предизвикува напади, психоза, зависност и смрт.