Свет 17. октомври 2018. / 12:56

Страшна експлозија на факултет во Крим – 10 лица загинаа (ФОТО)

Страшна експлозија на факултет во Крим – 10 лица загинаа (ФОТО)

Десет луѓе загинаа во експлозија на политехничкиот факултет во пристанишниот град Керч, на истокот на Крим, јавуваат руските медиуми.

Агенцијата РИА Новости јавува за 10 мртви и околу 50 повредени, повикувајќи се на медицински извори.

Агенциите наведуваат дека според прелиминарните информации, утрово дошло до експлозија на гас во кантината.

Возила на Итна помош се испратени на местото на настанот.