Свет 14. април 2020. / 15:59

Стотина политичари и научници објавија писмо со критики кон Кина за криење на текот на пандемијата

Стотина политичари и научници објавија писмо со критики кон Кина за криење на текот на пандемијата

Повеќе од сто политичари, научници и активисти од Европа, Австралија и САД го потпишале отвореното писмо со кое се критикува Комунистичка партија на Кина поради криење на обемот на епидемијата корона вирусот во Вухан.

Писмото, објавено во „Хонг Конг фри прес“ (Hong Kong Free Press), укажува на културата на страв поради што се криеле клучните информации за борбата против Ковид-19.

Потписниците на писмото, меѓу кои има пратеници, членови на невладини организации и универзитетски професори, истакнуваат дека „изворот на пандемијата е во криењето на комунистичките власти во Вухан, во покраината Хубеи“.

Тие наведуваат дека замолчувањето на „свиркачите“ директно придонело за ширење на епидемијата. Потписниците го наведуваат случајот со лекарот Ли Венлианг, кој почина од последици од корона вирусот.

– Глобалната пандемија не принуди да се соочиме со болната вистина, политизирање на сите аспекти на животот, вклучително и здравјето на луѓето, долготрајната автократска еднопартиска власт во Народна Република Кина ги загрози сите – се наведува во писмото.

Потписниците ги пофалија поединците кои ја критикуваат Комунистичка партија на Кина, меѓу кои има и новинари, од кои некои исчезнаа или се во куќен притвор.

На почетокот од април повеќе од сто кинески научници потпишаа отворено писмо наменето за „големиот број критички гласови, кои ја политизираат пандемијата со Ковид-19“. Научниците тврдат дека е „неважен“ точниот извор за ширење на вирусот, како и дека фокусирањето на потеклото на Ковид-19 е „вперување на прст и политизација“.