Стотици лица, приврзаниците на опозицискиот лидер Алексеј Навални, се уапсени денеска на протестите, организирани во голем број руски градови против инаугурацијата на Владимир Путин, кој во понеделник официјално ќе го започне четвртиот претседателски мандат.
Протестите се одржуваат под мотото „Тој не е наш цар“.
Многу поддржувачи на Навални беа уапсени уште вчера, во пресрет на денешните демонстрации.
Митинзите се одржаа во 90 градови, вклучувајќи ги и Москва и Санкт Петербург, иако малкумина добија овластување од локалните власти.