Меѓународната организација на трудот ги повика државите во светот да преземат чекори за да дозволат речиси 200.000 морнари кои се изолирани на бродови поради ограничувања во борбата против пандемијата да се вратат во своите домови.
Од организацијата наведуваат дека морнарите се исцрпени и се соочуваат со ментални проблеми, затоа што се уште се заглавени на бродови четири месеци откако требаше да ја завршат својата работа.
Таквата состојба го загрозува нивното здравје и безбедноста на поморскиот сообраќај. Потребна е акција за да се обезбеди пристојна работа на морепловците, да се избегнат поморски несреќи и катастрофи во животната средина – изјави Гај Рајдер, генералниот директор на таа организација.
Дополнителен проблме е тоа што нови морнари не можат да ги заменат колегите, поради забраната за замена на екипажи, што е на сила за да се спречи ширењето на корона вирусот.
Владите треба да ги означуваат морнарите како работници чија работа е неизбежна во пандемија, да им дозволат да се вратат дома безбедно и да ги заменат со нов екипаж – додава Рајдер.