Хотел во Тенерифе на шпанските Канарски острови е затворен откако доктор од Италија, кој престојувал во него, бил позитивен на тестовите за корона вирус.
Стотици гости во хотелот „Коста Адеје Палас“ биле известени да останат во нивните соби додека бидат извршени медицински тестирања, пренесуваат шпанските медиуми.
Како што се наведува, докторот бил од регионот Ломбардија, каде италијанските власти се борат против епидемијата.
Бројот на случаи заразени со корона вирусот надмина 80.000, поголем дел во Кина.
СЗО соопшти дека светот треба да направи повеќе за да се подготви за можна пандемија-ситуација во која заразната болест лесно се шири меѓу луѓето во многу земји.