Свет 13. септември 2018. / 14:59

Сторми Даниелс – американската порно актерка ќе објави книга за Доналд Трамп

Сторми Даниелс – американската порно актерка ќе објави книга за Доналд Трамп

Сторми Даниелс, американската порно актерка која тврди дека имала афера со американскиот претседател Доналд Трамп, вчера и соопшти на јавноста дека ќе објави свои мемоари под наслов „Full Disclosure“ (Целосно разоткривање).

Порно актерката Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, во американското шоу „The View“, истакна дека книгата за Доналд Трамп ќе излезе на 2 октомври.

Тврди дека имала афера со Трамп во 2006 година и дека и е платено да молчи

Даниелс се прослави после тврдењата дека имала афера со Доналд Трамп во 2006 година, како и преку тоа што кажа дека и била исплатена голема сума на пари за да молчи.

Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, потврди дека договорил исплата од 130.000 американски долари пред претседателските избори во 2016 година, во замена за молк за наводниот однос на Даниелс со Трамп.

Според нејзините издавачи, Даниелс во книгата зборува за тоа како почнала да работи во порно индустријата, а ги опишува и настаните кои доведоа до тој таен договор со Трамп, како и обиди за заплашување.

Од друга страна, Трамп негира афера со Сторми Даниелс.