Воената операција за симнување од власт на Гадафи во Либија не беше иницирана од НАТО, туку од неколку европски земји кои подоцна ја сфатија потребата за помош од Алијансата, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за време на конференцијата во Берлин додека ги коментираше најавите на дел од европските лидери за потреба од посебна европска војска, без НАТО и САД во неа.
Според него, операцијата во Либија во самиот почеток воопшто не била операција на НАТО, туку на Европа. И тоа не на Германија, туку повеќе на Франција и на Велика Британија.
“Се сеќавам на операциите во Либија, бидејќи јас тогаш бев премиер на Норвешка и Норвешка подоцна се приклучи кон нив”, рече Столтебнерг додавајќи дека за време на разгледувањето на ситуацијата во Либија во Париз, НАТО не бил повикан на масата, но подоцна иницијаторите сфатиле дека им е потребна помош од Алијансата и од САД, особено од нејзините командни структури и можности.
По соборувањето и убиството на Моамер Гадафи во 2011 година, Либија почна да доживува период на тешка криза. Во државата се уште постои двојност: во источниот дел на земјата, во градот Тобрук, владее парламентот кој е избран од народот, додека на запад, во главниот град Триполи, формирана е влада на национално единство, создадена со поддршка на ОН и Европа. Власта на истокот работи независно од Триполи и соработува со националната армија во војната против екстремистите. Во Париз во мај од страна на политичкиот конфликт согласи да на 10 декември да се одржат нови претседателски и парламентарни избори.