Свет 31. јануари 2019. / 09:54

Столтенберг ја предупреди Русиј: Почитувајте го договорот за ракети

Столтенберг ја предупреди Русиј: Почитувајте го договорот за ракети

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија да ја почитува спогодбата за ракетите од среден дострел, наведувајќи дека руските ракети можат да носат нуклеарни боеви глави и оти можат да стигнат до европските градови.

Столтенберг во Букурешт каде што учествува на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ, оцени дека Русија ја крши таа спогодба и оти развила и распоредила нови ракети од среден дострел кои тешко се детектираат и биле мобилни.