Свет 04. октомври 2018. / 10:06

Столтенберг до Москва: Почитувајте го меѓународниот договор за нуклеарно вооружување

Столтенберг до Москва: Почитувајте го меѓународниот договор за нуклеарно вооружување

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да го почитува договорот за нуклеарното оружје што пред 30 години го потпишаа Вашингтон и Москва.

Станува збор за договор за нуклеарно оружје со среден домет кој во 1987 година го потпишаа Роналд Реган и Михаил Горбачов, а кој што за Столтенберг претставува камен темелник на европската безбедност.

Земјите членки на НАТО се сомневаат дека Русија го прекршила тој договор со ракетни системи 9М729, пренесува „Б92“.

„Многу сме загрижени и ја повикуваме Русија да го почитува договорот на транспаретнетн начин“, изјави Столтенберг на почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО.

Договорот за нуклеарлните сили со среден домет од времето на Студената војна забранува цела една класа на оружје ракети со домет од 500 до 5,5 илјади километри.